Потребни состојки
6 јајца
300 грама шеќер
1 лажица сок од лимон
4 лажици густин
100 милилитри млеко
400 милилитри млеко
125 грама путер
125 грама маргарин
120 грама шеќер
150 грама мелени ораси
1 шлаг од ванила
1 шлаг од чоколадо
1 чоколадо за готвење потребно за глазура
Тесто
6 белки
300 грама шеќер
1 лажица сок од лимон
Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.
Фил
6 жолчки
6 лажици шеќер
4 лажици густин
100 милилитри млеко
400 милилитри млеко
125 грама путер
125 грама маргарин
120 грама шеќер
Изматете ги жолтаците со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.
Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.