СОСТОЈКИ:
За пандишпан:
- 8 јајца
- 250 г шеќер
- 3 лажици лебни ронки
- 80 г мелени ореви
За фил:
- 6 лажици густин
- 250 г маргарин
- 350 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 500 мл млеко
За украсување:
- 1 пакетче шлаг
- 100 мл млеко
- чоколадни ронки
ПРИГОТВУВАЊЕ:
- Се прави пандишпан. Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат мелените ореви и лебните ронки и се меша. Тестото се распоредува во 2 тркалезни калапа. Се пече на 180 степени.
- Се прави филот. Се зоврива 300 мл млеко со ванилата. Во друго тенџере на оган се става шеќерот да се пржи, со постојано мешање.
- Преостанатото млеко (200 мл) се става во густинот и се меша. Откако шеќерот ќе се карамелизира, се додава зовриеното млеко, а потоа и густинот, и се меша додека се згусне.
- Се мати путерот, се додава изладениот крем и се мати со миксер.
- Се филува: пандишпан-фил, втор пандишпан-фил.
- Се украсува со изматен шлаг и со чоколадни ронки.