Потребни состојки:
1 килограм мешана ситна риба
лебни ронки
црн пипер
сол
јајца
кромид
масло
тартар-сос
Начин на подготовка:
Исчистете ја рибата, отстранете и’ ја главата и варете ја во солена вода. Потоа, исцедете ја од водата, оставете ја да се излади и исчистете ја од коските.
Сомелете ја два до трипати во машина за месо. На еден килограм добиена смеса одат 2 лажици сол, 4 изматени јајца, 4 лажици лебни ронки, кромид сомелен во блендер и половина лажица црн пипер.
Од добиената смеса, направете плескавици и веднаш пржете ги во врело масло.
Послужете со тартар-сос.