Африка се дели на два дела

23 март, 20180
10 copy

Иако дури за милион години Африка би можела да остане без својот источен дел, поради делењето на континентот, оваа природна појава и денес предизвикува проблеми.

Геолошкиот процеп на “источниот рог”, кој еден ден ќе биде исполнет од океан, се шири многу побрзо отколку што научниците претпоставиле.

Поради тоа кенискиот автопат Маи Махиу се урнал кога под него се појавила пукнатина. Во процепот влегла вода, а дополнително ја влошуваат ситуацијата и помалите пукнатини во земјиштето.

– Големиот процеп ја двои Африка на две плочи. Заклучивме дека сомалиската плоча се одвојува од остатокот од континентот со брзина од 2,5 центиметри годишно. Доколку овој тренд продолжи, сомалиската плоча ќе продолжи да се одвојува до нубијската плоча, што би можело дополнително да ја загрози постоечката инфраструктура и безбедноста на населението – рекол геологот Дејвид Адеде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучувањето на оваа појава, за да можат да ја советуваат владата во врска со најбезбедните места за градење на патишта и куќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi