55 ГОДИНИ ЧУВАЛА ЉУБОВНО ПИСМО ОД ЛЕТУВАЊЕТО!

27 септември, 20180
в

Жената од Германија сега го бара балканецот кој го напишал!

Жизела дојде на организиран излет во Ровињ, а третиот ден на водичот му ја покажа хартијата на која се наоѓаше љубовно писмо што го добила во 1963 година од еден работник во хотелот Ривиера во Пореч.

Во Фејсбук групата посветена на туристичките водичи и придружници, една невообичаена објава им го привлече вниманието.

Како што пренесува “Индекс”, Сара Ким Шуран, туристички водич на германски јазик, сподели една необична молба што ја испрати еден турист, Жизел Кап (родена Велер) од германското село Бечдорф.

Всушност, Жизел дојде на организирана екскурзија во Ровињ, а третиот ден на водичот му го покажа парчето хартија на кое се наоѓаше љубовното писмо што го доби во 1963 година од еден работник во хотелот Ривиера во Пореч.

– Дури третиот ден ми ја покажа хартијата. Мислам дека госпоѓата најпрво се срамеше, но кога ме запозна подобро, ме замоли да и помогнам. Писмото го добила кога во младоста престојувала во поранешниот хотел Ривиера во Пореч, а до сега таа никогаш не се вратила во Истра – изјави Ким.

Господинот би требало да има повеќе од седумдесет години, а Жизел се обиде да пронајде негов контакт, бидејќи со него сакала да испие кафе.

Според потписот на писмото претпоставува дека се вика Џорџе и презива Клисин или Слисин.

– Го чувала тоа писмо 55 години. Мисли дека тој бил работник во хотелот, веројатно на рецепција, зашто никој друг немаше пристап до тоа парче хартија – изјави за “Индекс” жената од туристичката агенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi