Ова девојче е алергично на вода, па дури и на својата пот и солзи

9 март, 20180
6

На кожата на малата Ајви и излегуваат пикови и секогаш и  поцрвенува кога нејзините родители ја бањаат.

На малата Ајви Енгрмен од Минесота и е дијагностицирана аквагенска уртикарија (aquagenic urticaria).

Откако ја избањале, нејзините родители забележале дека добивала црвен осип на кожата. Прво мислеле дека е алергија на шампон или сапун. Откако ги промениле шампонот и сапунот забележале дека ситуацијата е иста.

Потоа, родителите ја однеле на доктор кој открил дека има навистина ретка алергија, што ја имаат само околу 50 луѓе во светот. Сфатиле дека нејзиниот живот ќе биде полн со забрани. Таа нема да може да ужива во капењето дома, во базен, во прскање со другаритеа или мавање со снежни топки, бидејќи на нејзината кожа ќе се јавува црвенило.

Дури и дождот, плачењето и потењето ѝ предизвикуваат болка.

Ситуацијата станала толку неподнослива, што Ајви почнувала да вреска по само 15 до 20 секунди бањање. Нејзините родители започнале да ѝ ја одржуваат хигиената со помош на влажни марамчиња.

Сега ја капат еднаш неделно и велат дека им се кине срцето притоа. Потоа не можат да користат пешкир, затоа што ја боли премногу, и оставаат така да се исуши.

Исто така, имаат огромна тешкотија како да ѝ наложат на својата ќерка да не плаче.

Ајви прима лекарства за да се намалат симптомите на алергијата, но ѝ даваат само кога планираат да има допир со вода, а не секојдневно за да не стане имуна на нив.

„Докторот на Ајви ми кажа дека на светот имало жена која била алергична дури и на пиење вода, па пиела само одреден тип на сок. Навистина ме плаши помислата дека Ајви може да дојде и до таа фаза.“, изјави мајката на девојчето за британските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi