21 мај, 2018

Радио

Студентите од братството „Зета Бета Тау“ од приватниот Универзитет „Корнел“ организирале натпревар по име „Свинско печење“. Натпреварувачите требало да спијат со што подебела девојка, а победник е тој што ќе спие со најдебелата девојка.

За нивното непримерно однесување дознале првите луѓе на универзитетот. Тие ги повикале натпреварувачите и заклучиле дека нивното однесување може да се поистовети со сексуално злоставување, а дека таквото однесување на студентите е недопустливо и грозно.

„Ваквото однесување деградира и ги понижува жените, а тоа доведува до нетолеранција. Шокирани сме од она што се случило на нашиот универзитет“, изјавиле првите луѓе од одборот на универзитетот.

Лидерите од братството „Зета Бета Тау“ се оградиле од непристојниот натпревар. Тие рекле дека тоа го направиле поединци и дека целото братство не треба да страда заради нив.

Остави коментар

Почетна // вести // Студенти се натпреварувале кој ќе има секс со подебела девојка
Горе