ДОДЕЛЕНА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА : Двајца лекари ќе ја поделат наградата поради револуционерните методи за лечење на РАК!

3 октомври, 20180
Capture 3

Алисон и Хонџо покажаа како можат да се искористат различни стратегии за поттикнување на имунолошкиот систем во борбата против ракот.

Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Џејмс П. Алисон и Тасуку Хонџо кои развиja специјална имунотерапија за лекување на ракoт.

Алисон и Хонџо покажаа како можат да се користат различни методи за поттикнување на имунолошкиот систем во борбата против ракот, објави Кралскиот институт во Стокхолм кој ги прогласува добитниците на Нобелова награда за медицина.

Двајца експерти за борбата против рак ќе го поделат финансискиот износ од наградата од 9 милиони круни.

Алисон (69) е професор и го води Одделот за имунологија во центарот за рак MD Anderson на универзитетот  Хјустон во Тексас.

Хонџо (76) е професор на Универзитетот во Кјото и редовен член на Јапонската, но исто така и надворешен член на Американската и Германската академија на науките.

Неделата за доделување на Нобеловата награда започна денес, но оваа година има голема празнина – Шведската академија нема да додели награда за литература.

 

Во мај, Академијата објави дека годинава нема да го објави книжевниот лауреат, откако сексуалниот скандал откри длабока поделба меѓу членовите на одборот за доделување на наградата. Одлуката следеше по недостатокот на јавна доверба во институцијата, беше разјаснето. Одлуката да се “прескокне годината” во доделувањето на Нобел не е без преседан, но тоа се нема случено уште од 1949 година.

Американскиот писател Вилијам Фокнер наградата за таа година ја доби следната година. Така и во 2019 година, би требало да се прогласат  двајца добитници за литература.

Во меѓувреме, останатите награди одат по вообичаениот ред. Лауреатот  го одредува  50-члена комисија од Институтот Каролина во Стокхолм. Во вторник, на ред  е Нобеловата награда за физика, а во среда за хемија. Во петок ќе биде објавен добитникот на наградата за мир, а во понеделник, 8 октомври, за економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi