Му забраниле влез во суши ресторан затоа што премногу јадел

21 септември, 20180
сс

На германскиот триатлонец Јарослав Бобровски му е забранет влез во суши ресторан кој има политика “изедете колку што можете” поради тоа што еден ден изеде околу сто порции риба.

Јарослав Бобровски, натпреварувач во трката “Ironman”, минатиот викенд за последен пат го посети ресторанот во хотелот “Ландшут” во Баварија.

Според пишувањата на локалните медиуми, Бобровски веќе сакал да плати речиси 16 евра за да и се “фрли” на храната. Според негова изјава, келнерот при наплатата не сакаше да му ги земе парите.

Бидејќи се плаќа пред консумирање на јадењата, поранешниот бодибилдер одлучи да седне на маса и да земе храна. Не застана сè додека не дојде до речиси 100-тата порција на суши.

Триатлонецот е инаку склон кон екстремна исхрана, што значи дека не се храни речиси 20 часа, а потоа почнува да јаде сè на што ќе наиде.

“Јаде за пет луѓе. Тоа не е нормално”, изјави сопственикот на ресторанот за “Passauer Neue Presse”.

Сопственикот лично му рече на Бобровски дека не му е дозволено повеќе да  јаде во ресторанот бидејќи прави премногу голем трошок за ресторанот.

“Ми забранија влез во ресторанот затоа што премногу јадем, останав шокиран”, изјави Бобровски, кој беше постојан гостин на ресторанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi