15 ноември, 2019

Радио

Стјуардеса од Филипините и помогна на патничка, го надои нејзиното гладно бебе кое плачеше во текот на летот и доби многу пофалби за нејзиниот чин на социјалните мрежи. Стјуардесата Патриша Органо (Патриша) на Фејсбук го опиша настанот од почетокот на утринскиот лет на “Филипини ерлајнс” на 6-ти ноември, а нејзината објава стана вирална на веќе споменатата мрежа.

Патриша напишала дека слушнала плач “кој ќе ве натера на било што за да помогнете”, таа дошла до мајката ѝ ја прашала дали е се во ред. Патничката во тој момент била на работ да заплаче, кажала дека останала без храна за бебето.

– Почувствував дека ме затегна околу срцето. Во авионот нема храна – пишува. И покрај планираната контрола на тој ден, мајчинскиот инстинкт на Патриша преовладуваше. Како доилка, таа го понудила своето млеко за да го нахрани детето и да ја намали грижата на вознемирената мајка.

Дваесетичетиригодишната стјуардеса и мајка на деветмесечна ќерка го хранеше бебето сè додека не заспа, а загрижената мајка искрено ѝ се заблагодари.

Пред два месеци, Патриша добила унапредување, а токму тој ден требало да дојде контрола.

– Бев во право. Овој лет беше посебен, толку посебен што успеав да се квалификувам како евалуатор, но исто така успеав  и да помогнам “, напиша таа.

„За време на летот доев дете на странец“, додаде таа.

Остави коментар

Почетна // вести // Паниците во авионот останаа без текст: Стјуардесата зема бебе кое плачеше и направи нешто неверојатно!
Горе