Предизвикал паника во авионот: Во рачниот багаж носел 20 змии

21 септември, 20180
з

Неименуван патник на воздухопловната линија Германија – Русија предизвика паника бидејќи беше откриено дека имал 20 змии во својата торба во делот за рачен багаж.

Патникот изјави дека купил змии на пазарот во Германија.

“Змиите беа во канистри, спакувани во торби, кои ги носеше во рачниот багаж. Немаше документи за влекачите.Видовите на змии ќе бидат одредени од експерти, но според неофицијални информации, не станува збор за отровни змии “, вели прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево во соопштението за јавноста.

Змиите се сега во карантин во Москва, бидејќи на патникот му недостасуваат соодветните документи, вклучувајќи го и одобрението од ветеринар за носење на влекачите од Дизелдорф во Русија.

Според извештаите, германските власти наведоа дека немало инциденти во безбедносната проверка пред тргнувањето од Дизелдорф и додаваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но потребно е соодветно одобрување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi