Пронајден најосамениот човек на светот!

30 јули, 20180
О

Повеќе од 7,5 милијарди луѓе живеат на планетата. Далеку од нив, целосно изолиран, сам, живее еден човек. Скриен од сите, и сосема непознат, тој беше повторно сликан како сече дрва во џунглата на Амазон.

Единствениот преживеан член на едно племе во Бразил, поточно во државата Рондонија, неодамна беше сликан по втор пат откако живеел сам 22 години. Тој е познат како “Човекот во дупката”, бидејќи тој копа дупки во кои тој или се крие или ги користи за да ги привлече животните.

Се претпоставува дека има 50 години, а судејќи по фотографијата е во добра форма. Времето го троши во лов на свињи, птици и мајмуни. Фунаи, бразилската владина агенција за домородци, има многу строги правила за интеракција со изолираните племиња, па затоа не знаат како се вика човекот или кое било неговото племе. Се претпоставува дека живее сам откако земјоделците ги убиле сите други членови на неговото племе.

Истражувачите првпат го виделе овој човек  во 1996 година, и оттогаш го следат, а неговото лице било сликано само еднаш во 1998 година.

Редовно се проверува дали човекот е жив, а НВО Survival International вели дека човекот успеал да се држи настрана од цивилизацијата на теренот што многу фармери и предатори го сакаат. Funai веруваат дека има 113 племиња во областа Амазон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi