СТИГНА ДО ПРАШАЊЕТО ЗА МИЛИОН ДОЛАРИ ВО КВИЗОТ: Дали вие го знаете одговорот?

3 октомври, 20180
Capture 5

Крег е осмиот човек во Австралија кој стигнал до ова прашање.

Крег Андерсон (61), директор за продажба од Мелбурн, го отвори прашањето за еден милион долари во австралиската верзија на квизот “Кој сака да биде милионер”.Тој влезе во историјата како  осмиот човек  кој го отворил милионското прашање во овој австралиски квиз, а дали точно ќе го одговори ќе дознаат гледачите во Австралија.

Прашањето за милион долари кое го дочека гласи: Колку есенцијални витамини содржи она што е познато како Б комплекс групата?

A: 6

B: 8

C: 10

D: 13

Како што е соопштено од news.com.au, само еден натпреварувач во квизот досега стигнал до крајот, и тоа пензионер од Јужна Австралија во 2016 година, откако правилно го одговорил прашањето за целосното име на австралискиот поет Банџо Патерсон.

Инаку, точниот одговор на прашањето кое одлучува дали Крег ќе стане милионер е 8. Всушност, групата на овој комплекс вклучува витамин Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин ), биотин, фолна киселина и витамин Б12 (цијанокобаламин).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi