Страшен призор: Животот го изгубија 145 китови

26 ноември, 20180
китови

Јато од 145 китови беше заробено на брегот на островот Стјуарт во Нов Зеланд. Сите умреа.

Заглавените безживотни животински тела ги забележа човек кој во саботата вечерта се  шеташе на плажата.

Рен Лепенс од Одделот за заштита на природата рече дека кога ги нашле, половина китови биле веќе мртви, а остатокот од нив морале да бидат еутанизирани. „Шансите да ги вратиме во морето беа мали. Оддалеченоста на локацијата, недостатокот на луѓе и напреднатата лоша состојба на китовите значеше дека најхуманото нешто е еутанизација. Се разбира, тоа е одлука што секогаш го крши срцето“, рече тој.

Погледнете ја тажната сцена на плажата.

Ова не е невообичаена појава, но отстранувањето на толку голем број на китови е навистина реткост.

Постојат различни теории за тоа зошто китовите одат на брегот, но никој не дошол до конечниот одговор. Некои теории велат дека станува збор за погрешна навигација, цветањето на отровните алги, попреченоста  од бродовите со воени сонари. Ова е трет случај со заглавени  китови на брегот на Нов Зеланд оваа недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi