ТИЕ СЕ ПОПАМЕТНИ ОД АЈНШТАЈН! Сестрите близначки (11) се НАЈМЛАДИ ГЕНИЈАЛЦИ, но за нешто им е пример Меган Маркл!

25 јули, 20180
г1

Двете сестри ќе станат најмлади близнаци кои се приклучија на организацијата за високоинтелигентни лица Менса. Нишка и Најса Упадја (11) од Рикмансворт ,Велика Британија, имаат коефициент на интелигенција 162, што ги ранкира да бидат едни од најуспешните луѓе во светот.

Една од нив беше тестирана минатата недела во Лондон, откако нивниот отец Варун видел статија за тоа. Нишка и Најша – која е една минута помлади од својата сестра прогласени се за деца гении.

За да некој стане квалификуван да го прогласат за гениј, мора да постигне резултат од најмалку 140 поени на тестот, а Нишка и Најса со резултат од 162 ги надминале резултатите на гениите во физиката Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн за два бода.

– Бевме многу шокирани кога дојдоа резултатите, јас едноставно не можам да верувам. Тоа не е како испит на училиште каде што можете да преправате одговори, бараат од вас работи како вербално резонирање и одговарање на јазични проблеми, на пример да избирате антоними, – вели Нишка за “Сан”.

 Двете сестри се веќе најдобри во својата класа во основното училиште “Little green Junior”. Гордиот татко Варун (40) вели дека секогаш биле паметни. Исто така е неверојатно што добија ист резултат на тестот Mensa. Воглавно добро се согласуваат, но знаат и да се скараат. Близначките веќе се гледаат себеси во адвокатската професија, за што ги инспирирала Меган Маркл во серијата “Suits”.

– Се обидувавме да дознаеме дали има други близначки на вака рана возраст кои постигнале врвен резултат и не можевме да ги најдеме, па затоа сметаме дека тие се единствени – рече Варун.

https://youtu.be/Lgykc0SEHQ8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi