Возел велосипед со СКРШЕНО КОЛЕНО 60 км – вака изгледал на крајот на трката!
26 јули, 20180
Филип Жилбер доживеа една многу незгодна повреда на 16-тата етапа на овогодинешниот Тур де Франс.Но, тоа не го спречи да се врати на велосипедот и да извози уште 60 километри пред да мора да се откаже.
Жилбер покажа разлика меѓу двете негови нозе, а можевме и да си помислиме дека станува збор за сосема друго лице.Коленото е толку отечено што речиси и не личи на Жилберовото.Кога ја гледате оваа слика, можете да видите каков потфат тој всушност направил со тоа што извозел уште 60 километри.