Тригодишно девојче има IQ од 162

12 јули, 20180
6

Тригодишната Алис Ејмос од Гилфорд во Англија е една од најинтелигентните деца на светот. 

Иако има само три години, покрај тоа што говори англиски, ова неверојатно девојче зборува и руски, а веќе знае да чита, пее, танцува и слика. Меѓутоа, ни тоа не е се, па малечката Алис Ејмос од Гуилдфорд во Англија станала и еден од најмладите членови на Менса, организација која што ги пронаоѓа најинтелигентните луѓе на светот.

Така, на тестот за интелигенција, Алис постигнала резултат од 162 поени, што и обезбедило место во малата група на натпросечно интелигентни луѓе на оваа планета, односно само 10% од сите луѓе во светот. Она што е најинтересно е тоа што се претпоставува дека физичарот Стивен Хокинг има коефициент на интелигенција помеѓу 160 и 165.

“Пресреќни сме што Алис стана наш член. Во Менса создаваме позитивно опкружување за развој на талентираните деца кои кај нас имаат можност да се дружат со други деца со слични интелектуални способности”, изјавил Џон Стивенејџ, извршен директор на британското претставништво на Менса. 

Малечката Алис веќе посетува предучилишна институција, каде што посетува напредни курсеви за математика, англиски јазик и литература, пренесува “Daily Mail”.

Сепак, најмладата личност која што некогаш била примена во британската Менса е Аличе Тен Робертс, која своето членство го стекнала на возраст од само две години и четири месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi