Во која земја има најдебели луѓе?

6 јуни, 20180
6

Според податоците, објавени во специјализираното британско списание „Лансет“, во изминатите 35 години дошло до силен пораст на „дебелите луѓе“ од 875 милиони, колку што биле регистрирани во 1980 година, на сегашните повеќе од две милијарди.

Анализите од истражувањата откриваат дека ниту една земја во светот не успеала во овој период да се справи со дебелењето на своето население.

Најголем раст е регистриран во САД, Кина и Русија. Во Европа, најмногу дебели има во Германија, а „Лансет“ наведува дека Велика Британија е на трето место меѓу земјите од Западна Европа. Меѓу Британците како дебели се регистрирани 67 отсто од мажите и 57 отсто од жените.

Експерти за исхрана велат дека здебелувањето на луѓето е последица на „модернизацијата во светот“, која како што тврдат предизвикала „физичка неактивност на сите нивоа“.

Истражувањето го покрена и го раководеше Институтот за здравствени мерки и за проценки од Вашингтон заедно со експерти од секоја земја вклучена во анкетата.

Околу 671 милион дебели луѓе во светит има во само десет земји. Први се САД, а потоа следат Кина, Индија, Русија, Бразил, Мексико, Египет, Германија, Пакистан и Индонезија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi