Брзо, освежува идеално за лето!
Состојки:
250гр путер
200гр шеќер во прав
3 кесички ванилин шеќер
400гр диња
400гр бисквити од чајно пециво
350гр обични бисквити
300мл млеко
150гр слатка павлака
Подготовка:
Путерот изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ги сомелените бисквити од чајно пециво. Матете додека не добиете хомогена смеса. Дињата испасирајте ја и додадете во садот.Во тепција или форма за торта подредете пола од обичните бисквити, потопени во млеко. Одозгора посипете со пола од кремастата смеса. Ставете уште еден слој бисквити па одозгора остатокот од смесата. Ставете го во фрижидер да се стегне.
Изматете ја павлаката и премачкајте ја тортата. Оставете ја во фрижидер да отстои 12 часа.