Ова е едноставен, но вкусен начин да зготвите свеж лосос со употреба на само неколку намирници.
Време: 15 минути
Порции: 4
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка сув босилек
- ½ лажичка сол
- 4 филети лосос
- 2 лажички путер
- 4 парчиња лимон
Подготовка:
Измешајте го лукот, босилекот и солта во мал сад, потоа протријте го рамномерно на филетите. Стопете го путерот на средна топлина. Гответе го лососот во путерот, додека не добие кафена боја, околу 5 минути на секоја страна. Послужете го лососот со парче лимон на стана.