Потребни состојки:
5 јајца
120 гр. шеќер
1 лажичка сол
Кора од 1 лимон
80 гр. брашно
40 гр. пченкарно брашно
100 гр. мармалад од вишни
350 гр. цреши
30 гр. шеќер
100 мл. вода
300 мл. шлаг
1 лажичка ванилин шеќер
70 гр. шеќер во прав
Подготовка:
Измијте ги црешите и отстранете им ги семките. Во тенџере ставете го шеќерот и растопете го со постојано мешање се додека не се карамелизира. Додадете вода и гответе 3-4 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Додадете го 1 лажица од пченкарното брашно разматено со вода и црешите, гответе уште 2-3 минути, па оставете ја смесата да се излади.
Изматете ги жолчките со малку сол и кора од лимон се додека не добиете кремаста смеса. Изматете ги белките во цврст снег, па додадете го шеќерот и матете се додека не добиете густа смеса. Потоа додадете ги матените жолчки, брашното и остатокот од пченкарното брашно и промешајте. Смесата ставете ја во тава за печење обложена со хартија и печете на температура од 200 степени 10тина минути.
Пандишпанот превртете го во влажна кујнска крпа, отстранете ја хартијата, свиткајте го во ролат и оставете го да се излади.
Изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер. Внимателно одмотајте го бисквитот и внатрешната страна премачкајте ја со мармалад. На една третина ставете од смесата со цреши, а на другите две размачкајте ја изматената слатка павлака и повторно свиткајте ролат. Ставете го ролатот во фрижидер да се излади околу еден час пред послужување. Добар апетит!