Вкусни руски пирошки

popara9 април, 20181min00
7

Состојки:

  • 1 лажичка шеќер
  • 1 мала лажица бибер
  •  малку  сол
  • 1 Прашак за пециво
  • 100 грама Маргарин
  • 100 грама Кромид
  • 1 лажица Копар
  • 250 грама Кисела павлака
  • 500 грама Брашно
  • 200 грама Јунешко мелено месо
  • 5   Јајца

Подготовка:

Брашното измешајте го со печивото, додадете сол, шеќер, 50 грама истопен
маргарин, 2 јајца, киселата павлака и замесете меко и мазно тесто.

Оставете го да стои половина час.

На загреаниот маргарин испржете го ситно сецканиот кромид па оставете на страна да се олади.

На месото додадете му јајце, сол, црн пипер, копар, испржениот кромид и сè заедно измешајте.

Тестото поделете го на 12 лепчиња.

Секое лепче премесете го и расукајте го, па ставете по една лажица од филот и формирајте пирошка.

Краевите мачкајте ги со изматено јајце за да поубаво се залепат.

Подготвените пирошки намачкајте ги со изматено јајце и редете во тава покриена со хартија.

Рерната загрејте ја на 200 степени, па пирошките печете ги околу 30 минути, додека не добијат златно жолта боја.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag