На пат е четвртото дете: Ким Кардашијан и Канје Вест повторно го прошируваат семејството
Доколку мислевте дека Кардашијан не сака повеќе деца, се лажете!
За Ким Кардашијан и Канје Вест можете да кажете дека се екстравагантни, чудни и не знаат што да прават од богатство и слава, но да бидеме реални, семејството им е најважно. Брачниот пар во 2013 го доби своето прво дете, ќерката Норт, а веќе во 2015. се роди нивниот син, Сеинт. Со оглед на тоа дека имала проблематична и ризична бременост, третото дете, девојчето Чикаго, во 2018. година, го роди сурогат мајка. Сепак, семејството Кардашијан/Вест не сакаа да застанат на бројот три и одлучија да посвојат момче од Ерменија.
„Тие се во контакт со домот за деца без родители во Ерменија, кое го посетија пред три години и веројатно ќе патуваат таму наскоро“, открива извор близок на семејството. Иако Ким и Канје се пример за малку луди одлуки, ова мораме да го поздравиме и се надеваме дека ќе ги мотивира и останатите парови да го сторат истото.