18 јануари, 2019

Радио

Џенифер Лопез доживеа неочекувана ситуација кога ја објави својата фотографија на социјалните мрежи.

Имено, пејачката објави слика на Instagram од професионален апарат, а на тој начин ги прекрши авторските права. Сега на пејачката и се заканува тужба од 150.000 долари.

Всушност, латино дивата, на Instagram story објави нејзина фотографија, направена истиот ден и напиша: „Денес беше добар ден“, но наскоро пристигна и лошата вест. Мајкл Стјуарт, професионален фотограф, рече дека ја фотографирал Џеј Ло и претходно оваа година, и ги заштитил фотографиите во јуни , како што пишува во тужбата.

Мајкл е лут бидејки Џеј Ло или некој од нејзиниот тим, се осмелил без дозвола да ја искористи неговата фотографија , а сега сака да си ја наплати својата работа.

Остави коментар

Почетна // Забава // Џенифер Лопез заработи тужба поради сопствената фотографија: Пејачката мора да плати 150.000 долари
Горе