Состојки:
1 кг компири
2 јајца за еден компир
Неколку супени лажици павлака
1 филџан рендано сирење
1 филџан млеко
Сол
Бибер
Најпрво ги миеме компирите и ги поставуваме врз хартија за печење во тава и ги печеме цели во рерна на висока температура. Целта е да омекнат добро.
Печените компири ги сечеме во должина и издлабуваме внимателно дел од внатрешноста со помош на лажица за да добиеме нешто како сад. Извадената смеса ја префрламе во друг сад. На тоа го додаваме млекото, сирењето, сол, бибер и мешаме.
Со добиената смеса ги полниме компирите и од горе кршиме врз секоја половинка по едно јајце.
Ги враќаме повторно во рерна да се печат неколку минути додека не се запече јајцето и не стопи сирењето. Откако ќе се извадат од рерна компирите се оставаат малку да се оладат и се гарнираат со павлака.