Здрав десерт

popara1 ноември, 20181min02
Kolac

Без бел шеќер и бело брашно!

Состојки:

  • 1 шолја  шеќер
  • ¾ шолјa мед
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 шолји интегрално брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • ¼ лажичка прашок за пециво
  • 2/3 шолја грчки јогурт
  • ½ шолја парчиња чоколадо за готвење

За глазура:

  • ½  шолја исецкано чоколадо за  готвење
  • ¼ шолја слатка павлака

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 160 ° C и подмачкајте го калапот за куглоф. Во сад за матење, измешајте ги путерот и медот , додека не добиете пенлива смеса. Измешајте го ванилиниот екстракт, едно по едно јајце, а потоа наизменично додавајте го брашното и содата, прашокот за пециво и јогуртот. Соединете ги состојките, а на самиот крај додадете ги чоколадните парчиња.

Готовата смеса ставете ја во калапот и печете 55 минути. Извадете го колачот  за да се излади 35 минути во калапот па можете да го послужите во чинија за сервирање. За да ја направите глазурата, ставете ја павлаката да се готви до точката на вриење, истурете ја врз исецканата чоколада, оставете неколку минути за да се стопи и измешајте со жица за да добиете мазна глазура. Истурете го чоколадото преку колачот.

2 comments

  • Marija

    14 ноември, 2018 at 16:11

    Kolku puter i kolku jajca treba da se stavat??

    Reply

    • popara

      20 ноември, 2018 at 12:17

      Здраво Марија, 5 јајца и 125 гр путер или маргарин. Имај убав ден!

      Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag