Појадокот е многу повкусен, ако не треба да милсите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок кој можете да го спремите од вечерта.
Количина: 1 чинија
Состојки:
- 125 грама (1/2 чаша) вода
- 35 грама (1/3 чаша) овесни снегулки
- 1 мал морков, излупен и исецкан
- ½ лажица цимет во прав
- 1 лажица сончогледови семки
- 70 грама (1/4 чаша) јогурт
- ½ мало јаболко, сецкано
- Јаворов сируп (по желба)
Подготовка:
Измешајте ги снегулките, мотковот, циметот, семето и водата. Покријте го садот и оставете го во ладилник да стои во текот на ноќта. Пред да поченете да го јадете, дотурете го јогуртот и ако сакате прелијте го со јаворов сируп.