Идеја за појадок: Јајца во домати

popara27 мај, 20191min00
GettyImages-991964726

Јајцата се одличен избор за појадок кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден.

Еве еден интересен рецепт.

Ако омлетот ви се здосади, тука е едноставниот рецепт за појадок кој ќе ве засити.

Состојки:

  • Лажица маслиново масло
  • Четири средни домати
  • Четири јајца
  • 30 милилитри млеко
  • Малку рендан пармезан
  • Сол и бибер по желба
  • Две лажички свежо исецкани зачини што ги сакате (магдонос, босилек …)

Подготовка:

Рерната треба да се загрее до 180 степени, а тепсијата да се премачка со маслиново масло.

Користејќи помал, остар нож, отстранете ги корените од доматите, а потоа со лажичка издлабете ја внатрешноста.

Во секој домат, скршете по едно јајце, врз кое ќе ставите една лажица млеко и лажичка пармезан. Посолете и ставете бибер по желба.

Печете во загреана рерна додека јајцата не бидат готови, 15 или 17 минути.

Почекајте пет минути за да се излади, посипете со свежо исецкани зачини и сервирајте ги топли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag