Го чистел автомобилот и пронашол лото тикет стар една година: Кога ја проверил комбинацијата, речиси ќе се онесвестел од среќа!

18 јануари, 20190
лл

Старец кој сакаше да остане анонимен, заборавил дека купил тикет уште во јануари минатата година.

Австралијанец од Нов Јужен Велс стана милионер откако чистејќи го неговиот автомобил нашол лото тикет, стар една година, пренесува BBC.

Старецот кој сакаше да остане анонимен, заборавил дека купил тикет уште во јануари минатата година.

Кога го нашол, ги проверил броевите на Интернет и сфатил дека освоил повеќе од еден милион долари (980.000 евра).

– Среќен сум што не ги земав старите торби од автомобилот и не ги фрлив во ѓубрето. Малку е глупаво што цели 414 дена заборавив на својот тикет и можев да ги имам свои пари порано, но нема врска барем сега ги имам – рече старецот.

Тој ќе инвестира пари во отплата на куќата за своите деца и во образованието на своите внуци.

Сопственичката на киоскот каде што минатата година се продаде победничкиот лото тикет, Шерил Такерман, вели дека и олеснало, додавајќи дека секој ден доаѓаа многу луѓе кои прашуваа дали победникот е најден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi