19 април, 2019

Радио

Неколку љубопитни пингвини „позираа“ за selfie од колонијата Остер на Антарктикот.

Два Царски пингвини, кои за прв пат во животот гледаат камера, успеаја да ги засенат сите направени selfie фотографии досега и тоа сосема случајно.

Имено, двајцата империјални пингвини успеале да „направат“ кратко видео откако налетале на фотоапарат што го оставил на мразот членот на експедицијата Еди Голт  во близина на колонијата на овие „ледени птици“.

Иако не е вистинско selfie, бидејќи камерата веќе снимала, комичниот видео запис од 34 секунди веднаш го освои Интернетот.

Остави коментар

Почетна // вести // Кога пингвините ќе направат selfie! Научник ја оставил камерата, а љубопитните животни го искористија тоа
Горе