18 февруари, 2019

Радио

Таа одлучи да го понуди на продажба преку аукциската куќа „Sodbi“, каде што неговата вредност беше проценета на 844.000 евра.

Кога пред 30 години, на пазар го купила прстенот за смешни десет фунти, Дебра Годард го ставила во кутија и за брзо заборавила на него.

Британката, која сега има 55 години, се сетила на него откако нејзината мајка наседнала на измама поради која останала без целата нејзина заштеда. Со цел да ѝ помогне на нејзината мајка, Дебра одлучила да продаде неколку стари работи, вклучувајќи го и прстенот. Надевајќи се дека вредноста на прстенот барем  малку пораснала, го однела во златара. „Златарот речиси ќе се онесвестеше“, изјави таа за „The Sun“.

Тој ми рече: „Знаеш ли што е ова? Ова е дијамант!“

Не само тоа: дијамантот беше речиси совршен. Возбудена, Дебра не спиела цела ноќ, бидејќи размислувала што да прави. Таа одлучи да го понуди на продажба во аукциската куќа „Sodbi“, каде што неговата вредност беше проценета на 844.000 евра.

На крајот, по одземање на трошоците за аукцијата, таа остварила профит од 536.000 евра.

Мајка си ја почасти со патување на Барбадос, концерти на Том Џоунс и Селин Дион во Лас Вегас и со бунда.

-Ова е карма за сите лоши работи што ни се случија во нашиот живот”, вели таа и открила дека имала претчувство за добивката“. Ноќта пред да го однесе прстенот во златара, таа сонувала дека продала стаклен прстен за 750 фунти.

Погледнете ги сличните ситуации кога луѓето купувале предмети за смешни суми, за да на крајот се покаже дека нивната вредност е неверојатно повисока:

 

Остави коментар

Почетна // вести // Купила прстен на пазар, после 30 години отишла да го продаде: После шокот животот целосно и се променил
Горе