17 јули, 2019

Радио

Проблеми во рајот.

Бруклин Бекам, 20-годишниот син на дизајнерката Викторија и пензионираниот фудбалер Дејвид, на јавноста, а и на своите родителиим ја претстави својата нова девојка, 19-годишната манекенка Хана Крос. Тие од тогаш, секој момент го користат заедно, но според најновите фотографии кои испливаа во јавноста, во љубовта не им цветаат ружи.

Всушност, тие се забележани како се караат во автомобилот, каде што Хана не можеше да ги сопре солзите, а изразите на нивните лица даваат впечаток дека нивната дискусија е повеќе од сериозна. Во еден момент, младиот Бекам почна да плаче, а точната причина за нивните несогласувања се уште не е позната.

Откако Бруклин ја покажа новата девојка, медиумите не престануваат да го следат секој нивни чекор. Парот е неколку пати забележан во друштво на семејството Бекам, а внимание привлече и неодоливата сличност помеѓу Хана и Викторија. Дека не е лесно да се биде девојка на наследникот на еден од најпознатите светски фудбалери и поранешната Spice Girl, се чини дека Хана се увери и тоа во неколку наврати, бидејќи ова не е првпат на фотографиите да изгледа како да и „потонале сите бродови“.

Остави коментар

Почетна // Забава // Бруклин Бекам и Хана Крос во солзи! Дали е ова крај на љубовта?
Горе