16 јули, 2019

Радио

Странските медиуми наведуваат и кои се причините  што ја скршија наследничката на покојниот поп крал.

Наследничката на починатиот поп крал, Париз Џексон, итно беше префрлена во болница по обидот за самоубиство, објавија странските медиуми.

Ќерката на Мајкл Џексон, беше хоспитализирана во саботата по обидот за самоубиство, пишува Daily Mail.

Како што пишуваат странските медиуми, таа си ги пресекла вените. Извори блиски до семејството велат дека нејзиниот обид за самоубиство е поврзан со документираниот филм за нејзиниот татко кој, наводно, сексуално злоупотребувал две деца во неговиот забавен парк Neverland.

Итната помош пристигнала во нејзиниот стан рано наутро. Во моментов, нејзината состојба е стабилна, пренесуваат странските медиуми.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ќерката на Мајкл Џексон дигна рака на себе: Парис Џексон поради ова се обиде да се самоубие!
Горе