Се ожени Џуд Ло: Невестата во мини, младоженецот со шешир

3 мај, 2019
lo

Најпопуларниот британски ерген застана на лудиот камен.

Актерот, Џуд Ло (46), по четири годинишна врска, се заколна на вечна љубов со психологот Филипа Коан (32).

Иако се шпекулираше дека ќе има раскошна свадба и ќе се одржи некаде на некоја романтична локација во Франција, парот се венчаше на интимна церемонија во Лондон.

https://www.instagram.com/p/Bw9iM5yFpKC/?utm_source=ig_embed

Според печатот на британските магазини, на свадбата не присуствувале познатите пријатели на Џуд Ло, туку само најблиските роднини и пријатели.

Пред Филипа, Ло беше во брак со актерката Сејди Фрост, со која има три деца, додека уште две деца доби за време на врската со моделот Саманта Бурк и музичарката Кетрин Хардинг. Исто така долго време беше во врска со неговата долгогодишна колешка, Сиена Милер.