Започнете го денот со квалитетен и едноставен десерт: Неодоливи палачинки без бело брашно кои ви гарантираат совшен вкус!

popara28 јануари, 20191min00
палачинки

Палачинките подготвени на поинаков начин ќе ве остават без текст.

Мал е бројот на луѓето кои не сакаат палачинки. Со цел да уживате повеќе во нив , но без грижа на совест, ви претставуваме рецепт од поздравата верзија на палачинки во кој белото пченично брашно можете да се замените со овесно брашно.

Состојќи:

  • 2 големи банани
  • 2 големи јајца
  • 200 гр овесно брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • Неколку лажички лимонов сок
  • Прстофат сол

Подготовка:

Излупете ги бананите, исечете ги и испасирајте. Додадете ги шеќерот, солта, јајцата и сокот од лимон, а потоа со рака или со миксер соединете ја смесата.

Потоа ставете го и овесното брашно. Ако имате блендер, можете да го искористите за да ја направите смесата. Сите состојки ставете ги во уредот и „изблендирајте“. Смесата веднаш е подготвена за печење. Со помала или поголема кутлача, земете од смесата и ставете ја во загреано тавче.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag