Ретро и секси: Знаеме каква блуза ќе биде омилена во текот на пролет/лето 2019.
5 март, 20190
Трендсетерките веќе промовираа еден модел на блуза на нивните Instagram профили и со сигурност знаеме дека ќе се носи во пролетните и летни месеци.
Се чини дека и пролетта и летото ќе ги посветиме на парчињата од деведесеттите години.
Нашите омилени трендсетерки веќе се подготвени за потоплите денови, а фотографиите на Instagram покажаа дека ова лето ќе се носат секси блузи кои се врзуваат околу вратот.
Оваа блуза и сатенско здолниште се идеални за вечерна комбинација, а ако ја искомбинирате со фармерки, ќе добиете одличен дневен аутфит.
Инаку, исто така многу популарни се и комбинезоните на кои горниот дел потсетува на овие блузи, што би можело да ви биде идеален избор за следното вечерно излегување.