20 идеи за фарбање на јајца. Се што ви треба на едно место!

popara13 април, 20204min00
јајца насловна

Секоја година домаќинките се трудат да воведат новитети во декорирањето на велигденските јајца. Покрај традиционалните рецепти за декорации со листови детелина, еве и други интересни начини за декорирање на јајца:

1. Мермерна– Лушпите од лук или кромид исечкајте ги на парчиња. Намокрете ги јајцата, изроловајте ги малку во лушпата и замотајте ги во алуминиумска фолија или во тенка чорапа. Варете ги во тенџере со боја.

2. Гумичките за тегли врзете ги вкрстувајќи се во сите насоки на јајцето, а потоа офарбајте го.

3. Облици– Исечете цврста, леплива трака на мали траки, точки, квадратчиња, триаголници, букви…па лепете ги на сварените јајца. Ставете ги во тенок чорап и офарбајте ги во саканата боја.

4. Торбичка– Јајцето ставете го во парче мрежаста торбичка од компири, кромид, портокал или лимон, цврсто врзете го со конец и сварете го во боја.

5. Традиција– Проверено добри се прородните бои за јајца кои се добиваат од лушпи од лук или кромид, цвекло, оревов лист и тн. Можете да ги декорирате јајцата со сликички или листови од растенија како магдонос, детелина, папрат…

6. Масло– Во садот со боја за јајца додатете и неколку капки масло. Сварените јајца спуштете го во садот брзо и вртете ги.

7. Трошки– Свареното јајце премачкајте го со лепак и ставете го во шарени декоративни мрвици или во презла.

8. Светки– Со четка нанесете лепак на одредени делови од јајцето и нанесете му сребрени светки за лице и тело.

9. Креп хартија– Исечете креп хартија по можност во темни бои на тенки и долги траки. Во нив ставете ги сварените јајца додека се уште топли и внимателно ставете ги во сад со ладна вода во кој е ставено една лажица оцет,хартијата ќе се залепи.

10. Брзо и лесно– Во кеса за замрзнување истурете неколку капки прехранбена боја , може и неколку различни нијанси истовремено, ставете го свареното јајце и тапкајте се додека не ја добиете посакуваната боја.

11. Изгребано јајце– Ако јајцето не се фарба рамномерно, некаде бојата ќе фати повеќе, а некаде помалку.

12. Бубамара- Обојте го јајцето во саканата боја, најдобро црвена. Сматете една белка со вилушка и со четката ставете точки на офарбаното јајце. Извалкајте го во мак.

13. Потопете коноп со должина од 30 см во концентрирана боја за јајца. Натопениот коноп замотајте го околу јајцето во разни насоки. Земете друг коноп, натопете го во друга боја и повторете ја постапката онолку пати колку што ќе сакате да имате нијанси на јајцето.

14. Чипка– Сварете ги јајцата, замотајте ги во најдобрата најлон чипка, добро стегнете ја околу јајцата, но не премногу за да не пукне, и спуштете во подготвената боја.

15. Јајца на пареа– Тврдо сварените јајца исцедете ги од вода. Во поширок сад сипувајте 2-3 цм вода, на тенџерето ставете цедалка. Во неа ставете ги сварените јајца, преку неа нерамномерно истурајте разновидни бои во вид на прав, па сето тоа затворете го со крпа за да не може да излезе пареата од садот. Варете 10 минути и ќе добиете необично шарени јајца.

16. Темпера– Ако сакате да цртате веќе исфарбани јајца, во плитка чинија растопете го туткалот,така што, водата треба да биде благо заматена. Топлите јајца спуштете ги во овој раствор. Кога ќе се исушат нацртајте ги по желба со темперни бои.

17. Зрна– Сварените јајца можат да се премачкаат со лепак или белка и да се валкаат во пченица, ориз или други зрна. На крај може да се испрскаат со златен лак.

18. Овошни бои– Сварените јајца исцртајте ги со овошни бои, па потоа исфарбајте ги во саканата боја. На исцртаните места бојата нема да фати.

19. Свила– Исечете стара свилена марама или кравата на парчиња кои можат да опфатат јајце. Наместете ја убаво шарата зашто при варењето таа потполно ќе се преслика на јајцето. Гледајте печатената страна да биде завртена накај јајцето. Цврсто замотајте го во газа или во некоја памучна ткаенина и врзете го со ластиче. Варете 20 минути во вода во која имате ставено и 3 лажици оцет

20. Стикери– Веќе обоените јајца можете да ги украсите со мали стикери

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag