Вегетаријанските блогери сакаат тиквички или карфиол парчиња, а наместо топли сендвичи, ќе послужат и парчиња печена палента …
Во прилог 4 екстра замени за леб во секое време!
1. Рецептот за пица од „лажно“ тесто е еден од омилените рецепти на вегетаријанските блогери изминативе години. Се рендаат тиквички и се цеди колку што е можно повеќе од течноста. Тиквичките се мешаат со овес (или друго) брашно и семе од чиа, кои претходно ги оставате во малку вода за да набабрат. Тестото се става во сад за печење, ги ставате вашите омилени состојки за пица и печете. Наместо чиа семе, можете да измешате јајца и сирење во тестото и да ги обликувате на мали парчиња.
2. Ставете карфиол во сад и изматете го со вашиот миксер, но пазете да не се претвори во каша. Ставете го во микробранова печка околу седум минути или додека не омекне без додавање вода. Додадете јајце, зачини и моцарела во трошливата смеса. Смесата ставете ја во сад за печење (пред да ја ставите смесата поставете хартија за печење на садот) печете додека не се зацврсти. Оваа смеса од карфиол се користи наместо леб, исто така можете да ја печете кратко со вашите омилени состојки за топли сендвичи.
3. Пченкарното брашно сварете го во вода со зачини и малку млеко или рендано сирење и истурете го во сад за печење. Кога ќе се излади, исечете го на помали парчиња и печете го во рерна или во врело масло.
4. Oopsy или „Упси“ е леб кој што има минимална количина на јаглени хидрати. Подгответе го со белки од јајца и малку сол и измешајте ги жолчките со крем сирење и прашок за пециво. Нежно измешајте ја белата смеса и ставате ја на купови на сад за печење. Печете 25 минути на 150°C. Почекајте додека не се излади и сервирајте го со кашкавал и шунка или слатко со мармалад.