Направете свој привлекувач на бои за машината за перење: Никогаш повеќе нема да се случи работите да се обојат за време на перењето!

popara13 мај, 20201min00
masina

Колку пати ви се случило да ви треба парче облека за носење, но не можете да ја вклучите машината само за неколку работи, или случајно испуштивтеоблека во боја и ја уништивте целата ваша гардероба.

Добрата вест е дека имаме решение за овие проблеми. Овој привлекувач на бои ќе спречи да премине бојата од едно парче на друго, така што можете слободно да вметнете разновидна облека во башата машина за перење без страв.

Овие магични крпи можете да ги купите во продавниците, но подобро е да ги направите сами и да заштедите многу пари.

Сè што ви треба е: 

  • 2dl вода
  • сода за перење што може да ја купите во сите аптеки и продавници
  • памучна ткаенина
  • ножици

Постапка за правење:

Исечете ја ткаенината што сте ја избрале на помали квадрати, можете на околу 10 см. Користете стара маица за оваа намена.  

Кога ги подготвувате крпите, ставете ги во 2дл топла вода во која претходно сте ставиле лажица сода за перење . Оставете ги крпите во таа вода десет минути да се впијат, а потоа извадете ги и оставете ги да се исушат.

Не ги цедете, само оставете ги да се исушат. Кога крпите се целосно суви, тие се подготвени за употреба.

Како да се користи:

За едно миење, потребна ви е само една крпа што е вметната во машината за перење. Кога перењето ке заврси крпата фрлете ја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag