Доволно е едно јаболко, само едно јајце и малку брашно за да се направи ова старо благо. Јаболка во шлафрок е благо во кое уживале нашите баби, но и денеска е подоеднакво популарно.
Наместо јаболко, во”шлафрок” можат да се направат банани или ананас, а постапката е иста. Поточно, бананите се сечат на половина најпрво по должина, а потоа по ширина бидејќи така полесно се печат. Ананасот се пече во кругови, а може да се користи и од конзерва, само претходно треба да се исцеди.
Состојки:
2 јајца
3 јаболки
брашно
малку сол
ванилин шеќер
шеќер во прав
Подготовка:
Јаболките прво се лупат, па им се вади средината. Откако ќе се исчисти јаболкото, се сече на кругови тенки половина сантиметар.
Јајцата се матат со вилушка во длабок сад, се додава ванилиниот шеќер. Малку брашно се сипува во чиста плитка чинија, а во длабоката чинија со јајца се додава и лажица брашно. Јајцата и брашното треба да станат еднаква смеса.
Во тава за пржење се става масло. Јаболките прво се валкаат во брашното, а потоа во чинијата со јајца. Јаболките се пржат додека не добијат златна боја.
Откако ќе се испржат, се ставаат на чинија со кујнски бришач за да се исцеди маслото. На крајот се посипуваат со шеќер во прав и се јадат.