Ана Ивановиќ реши да го изненади сопругот со овој рецепт

popara27 април, 20201min00
ана

Тенисерката Ана Ивановиќ одлучила да го израдува својот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер со леб од банани. Таа споделила фотографии со своите фанови од подготовките на лебот.

Потоа започнале да летаат коментари, како за изгледот на Ана, така и за нејзините готвачки способности.

Инаку, лебот од банана е нејзиниот омилен леб бидејќи содржи две здрави состојки и многу е лесен за правење.

Во продолжение следи рецептот:

Состојки:

3 јајца
3/4 шолја маслиново масло
2/3 шолја кафеав шеќер
1/2 шолја бел шеќер
1 шолја рендани тиквички
2 банани
2 лажички екстракт од ванила
3 1/2 шолји брашно
1 лажичка цимет
1 1/2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
1/2 шолја сушено овошје
1/2 шолја сечкани ореви, бадеми, лешници

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 165 степени. Длабокиот сад за печење на лебот намачкајте го со масло и посипете го со брашно. Смесата може да се пече и во калапи за мафини.

Во голем сад изматете ги јајцата, па додадете го кафениот шеќер, ренданите тиквички, испасираните банани и ванила ароматот; измешајте сè заедно додека не се соединат сите состојки. Во смесата додадете го брашното, циметот, прашокот за печиво, сода бикарбона и сол. На крај ставете ги сувото овошје и оревите. Истурете го тестото во садот за печење.

Печете во рерна околу 60 минути. Пред послужување, оставете го лебот да се олади. Лебот може да стои свеж два дена доколку се чува на собна температура. Во фрижидер завиткан во фолија може да стои околу една недела. Лебот може и да се замрзне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag