
Хрватската пејачка и поранешна претседателска кандидатка Ава Карабатиќ влегува во српското реално шоу „Задруга“. Ова е веќе четврта сезона на популарното шоу, а Ава испрати порака до сите обожаватели.
„Животот … секогаш наш сопствен … никогаш роб … ние сме подготвени …“, напиша таа на својот Инстаграм пред да се приклучи на „Задруга“.
Заедно со тој текст, Ава објави и фотографија со едитирана марихуана на челото, а во позадина беа хрватски коцки.
Да потсетиме, Ава Карабатиќ се обиде да се кандидира за претседател на Република Хрватска на крајот од минатата година, но нејзиниот обид за жал не успеа.