Освежувачки и едноставен десерт за секоја прилика.
Состојки:
3 филџани слатка павлака
½ филџан шеќер во прав
1 лажичка естракт од ванила
64 орео колачиња + за декорација
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги слатката павлака, шеќерот во прав и ванилата. Матете со миксер додека не добиете цврста смесма (шлаг). Дното на садот во којшто ќе ја ставите тортата, премачкајте го со тенок слој од шлагот и одозгора наредете околу 16 орео колачиња. Преку нив истурете го шлагот и повторно ставете од орео колачињата. Повторувајте ја постапката се додека имате материјал. Откако ќе завршите, премачкајте ја тортата со шлаг и оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа.