БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ! Анабела Атијас ги осуди сите мажи, па откри зошто тие ги изневеруваат своите жени!

11 декември, 2020
anabela-atijas_foto_srbijadanas_7_2

Таа имаше што да каже…

Анабела Атијас, која наскоро ќе стане баба, бидејќи Луна Џогани е бремена и чека ќерка со Марко Миљковиќ, искрено зборуваше за мажите и зошто сите тие изневеруваат.

– Тие се родени да бидат ловци. Тоа е запишано во нивната ДНК уште од камено време. Тие треба да бидат разбрани, бидејќи тие некогаш служеле за оплодување на целото племе. Ниту се свесни за тоа, ниту можат да управуваат со својата природа. Почнав да ги разбирам мажите кои изневеруваат. Не значи дека ги оправдувам, но ги разбирам. Секако, постојат исклучоци – рече пејачката.

Покрај тоа, Анабела проговори и за зависностите и лекувањето.

– Никогаш немав пороци и не знам како се чувствуваат луѓето што ги имаат. За нив сигурно не е лесно. Имам луѓе во моето опкружување кои се успешно излекувани, како мојот Андреј, на кого сум горда. Додека не одите во нечии чевли, не знаете како му е на човекот. Не им судам, но ги разбирам – потенцираше Атијас.

Да потсетиме, Анабела влезе во реалното шоу, каде нејзината ќерка Луна и поранешниот сопруг Гаги Џогани веќе беа со цел да и ја раскажат својата страна на приказната, бидејќи нејзината ќерка ја излажа заради врската со Марко Миљковиќ. Анабела и Луна беа скарани, но веста дека Луна чека бебе ги помирила мајката и ќерката и сега се во добри односи.