Безалкохолно Мохито со малина: Освежувачки коктел за врелите летни ноќи!

popara16 јуни, 20201min00
raspberry-mojito-edited-3-1

Се прави брзо и едноставно, превкусно е и изгледа прекрасно!

Состојки:

  • ¾ филџан шеќер
  • 5 лимети
  • 2 филџани свежи малини
  • 12-14 свежо исецкани листови нане и неколку цели листови за декорација
  • 1 литар минерална вода со вкус на лимета

Подготовка:

Во загреан сад додајте го шеќерот, една чаша вода и мешајте додека не се растопи. Потоа, оладете ја смесата. Исцедете половина од количината лимета. Во голем бокал измешајте еден филџан малини, сокот од лимета и нането. Ставете ја мешавината во друг бокал во којшто претходно ќе ставите мраз. Додадете ја минералната вода и мешајте. Исецкајте ги преостанатите лимети и послужете го пијалокот во чаши, декорирани по ваша желба.

Доколку сакате да направите алкохолна варијанта, само додадете рум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag