
Сопругата на Новак сподели спомен фотографија која е направена кога ја славеле двегодишнината од забавувањето.
Јелена Џоковиќ ја објави старата фотографија од неа и Новак на Инстаграм, а досега немавме можност да ја видиме!
–Гледам како изгледаме тука исто како да сме основно училиште, со 1001 роза ја прославивме двегодишнината од забавувањето и освојувањето на Дејвис купот.
П.С. Ништо без драгиот Јоце и неговите волшебни решенија – напиша Јелена.
Нежната прегратка и многуте цвеќиња веднаш ги воодушевија обожавателите на социјалните мрежи.