Сите ги сакаме јагодите бидејќи нивното доаѓање значи и доаѓање на пролетта.
“Трајфл” е класичен британски рецепт кој го преферираат најпознатите готвачи како Џејми Оливер и Гордон Ремзи. .
Состојки:
Две кесички шлаг
Кесичка пудинг од ванила
400 грама свежи јагоди
800 мл млеко
Пакување бисквити (пишкоти)
Подготовка:
Измијте ги јагодите, скинете им ги рачките и пресечете ги на половина.
Згответе го пудингот по упатството на пакувањето, оставете го да се излади а во меѓувреме изматете го шлагот. Скршете ги бисквитите и испрскајте ги со останатото млеко за да омекнат.
Во голема стаклена чинија на дното наредете ги бисквитите, преку нив ставете слој пудинг, но не до самиот раб, туку порабете со шлаг и јагоди. Повторувајте ја постапката додека не се потрошат сите состојки и украсете го врвот со останатиот шлаг и јагоди. Изладете го во фрижидер пред послужување најмалку еден час.