Каде исчезнаа сите? Најзеленото село во светот што не беше подготвено за популарност

28 јули, 20200
selo vo kina

Некогаш најбогатото рибарско село на кинескиот остров Шенгси, денес веројатно е најзелено во светот. Селото Хотован, кое се чини дека одлучи да ги врати своите куќи и полиња на природата, е оддалечено на околу 70 километри од Шангај.

Жителите го напуштија во раните 90-ти години кога заливот стана премал за да ги задоволи потребите на растечката риболовна индустрија. За да си го олеснат животот и во желбата за подобра поврзаност со копното, поблиските училишта, универзитетите и болниците, жителите се преселиле во копното.

Таквата шема беше вообичаена во многу мали кинески села. Само мал дел од жителите на Хотован останаа во своите домови, гледајќи дека соседните домови сè повеќе ги покрива зелената обвивка на обрасната лисја и трева, но во 2002 година и тие заминаа. Замрзнати во времето, делумно опремените домови сè уште ги чуваат предметите на сопствениците, како да чекаат да се вратат.

Пред пет години, кога фотографиите од селата го обиколија светот, Хутован стана попопуларен од кога било, но не и подготвен за се повеќе туристи кои посакаа да го видат зелениот феномен во живо. Властите побараа трпеливост и по две години Хотован се подготви за посетителите кои би можеле да спијат таму, да талкаат по куќите или да го истражуваат селото – на нивна одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi