Кога повторно ќе се осмелиме да одиме на туристичи патувања?

29 август, 20200
putovanja putokaz

Огромните размери на коронавирусот нанесоа големи штети во многу области, но една од најпогодените е туризмот. Експертите сметаат дека оваа гранка ќе се рехабилитира, исто како што успевала и во минатото.

“Кај луѓето не престана желбата за патување, но сигурно е дека во иднина ќе патуваат со многу поголемо внимание”, смета Адам Блејк, професор по економија од Велика Британија.

Ќе биде потребно луѓето да се уверат дека не само што е безбедно да се патува, туку ќе мора да постојат и докази за тоа.

За сега сè уште не се знае кога и како ќе помине пандемијата, но кога еден ден состојбата ќе се поправи, патниците со сигурност ќе очекуваат многу пониски цени за да се охрабрат повторно да почнат да патуваат, сметаат светските аналитичари.

Постојат неколку работи кои патниците сигурно ќе ги забележат кога туризмот и превозот ќе се стабилизираат.

Крстарењата ќе бидат евтини, но можно е да не привлекуваат нови патници

Патниците кои сакаат крстарења сигурно ќе имаат среќа со многу поволни цени на услуги кога ќе започнат крстарењата.

Но предизвик ќе биде да се привлечат нови туристи кои би се осмелиле на вакво патување, што ќе биде од суштинско значење за опстанокот на овие компании. Особено по сите непријатности кои им се случија на патниците на овие пловни хотели во текот на пандемијата на коронавирусот.

Голем дел од вашето внимание ќе се однесува на хигиената

Сите угостители, без разлика дали се работи за крстарење, хостели, пансиони или хотели, ќе мораат од корен да ги променат своите хигиенски навики за да може да се врати чувството на безбедност кај гостите.

Без разлика какви мерки ќе преземат, угостителите ќе мораат на многу очигледен начин да порачаат “Еве што сè правиме за вие да се чувствувате безбедно”

Цените на хотелските сместувања ќе бидат значително пониски

Американските хотелиери веќе ги намалиле цените за 30 проценти од 21 Март. Во суштина, Америка во блиското минато со оваа состојба се соочи по нападите на 11 септември во 2011 година, кога поради чувство на небезбедност цените на хотелите паднале, а кога цените ќе паднат потребно им е двојно повеќе време да се вратат на првото ниво отколку да паднат на најниска точка.

Патниците ќе се чувствуваат побезбедно во хотелите отколку во најмени апартмани

Се смета дека сламка за спас за хотелиерите ќе биде фактот дека патниците ќе се чувствуваат несигурни во алтернативните туристички сместувања бидејќи сопствениците на овие сместувачки капацитети ќе имаат поголем проблем за докажување на хигиенската безбедност.

Луѓето повеќе ќе сакаат да летаат ако цените се пониски, а авионите помалку пополнети

Многу луѓе уште сега би летале со авион доколку авионите не се преполни со патници, така што авиокомпаниите сериозно ќе треба да размислат за тоа средишниот дел од авионите да биде празен и цените на билетите да се драстично пониски од минатото лето. Некои авиокомпании уште од минатата седмица најавија дека од својата понуда ќе исфрлат одредени јадења и пијалоци за да ги намалат трошоците, но и дека ќе го извадат средниот ред на седишта за да биде поголемо растојанието меѓу патниците.

Повеќе внимание ќе се обрнува на заштита на животната средина

Во целата оваа криза среќна околност е тоа што ни се дава прилика некои прашања од областа на животната средина да бидат конечно решени. Ќе се посвети поголемо внимание на претераниот број на туристи , загадувањето на околината и тн…

“Ќе им се вратиме на патувањата, но на многу поодговорен и поетички начин кога ќе заврши кризата”, веруваат експертите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *