Овој рецепт којшто Дизни одлучи да го сподели со нас, ќе ви помогне да направите неверојатен десерт! Истиот не беше насекаде достапен, но сега го имате во ваши раце и можете да го испробате дома.
Ангажирајте го целото семејство и уживајте заедно во приготвувањето на овој прекрасен десерт, надополнет со најдобрите вкусови на сладолед кои можете да ги замислите.
Состојки:
½ шолја прелив од топло чоколадо
½ шолја путер од кикиритки
2 полни лажици сладолед со вкус на ванила
2 полни лажици сладолед со вкус на чоколада
2 полни лажици сладолед со вкус на јагода
1 полна лажица сладолед со вкус на минт
1 полна лажица сладолед со вкус на кафе
1 банана исецкана на половинки
цимет (2 х ½ x 1 ¼)
3 супени лажици чоколаден сируп
¼ крем од marshmallow
¼ прелив од јагода
¼ прелив од ананас
1 large brownie
1 парче чоколада
4 чоколадни колачиња
1 супена лажица исецкани бадеми
1 супена лажица изрендано темно и бело чоколадо
1 супена лажица здробени чоколадни колачиња
1 супена лажица желе од исецкани портокали, отприлика 2 портокали
1 супена лажица чоколадни снегулки
1 супена лажица чоколадни трошки
1 супена лажица шарени трошки
½ филџан суви цреши
Подготовка:
Истурете го преливот од чоколадо и преливот од кикиритки во длабок сад
Додадете ги парчињата банана и измерената количина цимет одозгора
Што е можно побрзо, додадете ги лажицата чоколаден сируп, marshmallow кремот, преливот од јагода и преливот од ананас преку сладоледот
Прекријте ги целосно со сладок крем, парчињата brownie, парчето чоколада и колачињата.
Попрскајте ги со исецканите бадеми, темно и бело чоколадо, здробените колачиња, желето од портокали, млечно чоколадо, чоколадните снегулки, чоколадните и шарени трошки
На врвот ставете ги црешите